fbpx

Потресно: Најтажните зборови за Марина Туцаковиќ кои ќе ве расплачат

Почина Марина Туцаковиќ, дамата која ги напиша стиховите на најголемите музички хитови во регионот.

„Точно е. Само што ми се јави татко ми. Мајка ми почина. Ви благодарам на сите кои секојдневно ни испраќавте добри мисли и кои безрезервно бевте со нас“, ја потврди нејзиниот син Милан Радуловиќ тажната вест.

Пријателите и соработниците на Туцаковиќ со емотивни посвети се простуваат од неа, а зборовите на нејзиниот долгогодишен другар Марко Џедовиќ ќе ве расплачат.

„Со твоите песни првпат се вљубувавме, првпат се смеевме, првпат тагувавме, во твоите стихови баравме трошка утеха. Остана по последен пат да ти кажеме збогум. Збогум Марина и фала ти за се’“, напиша тој.

Пред неколку дена Туцаковиќ беше итно хоспитализирана. Покрај тешката малигна болест со која се бореше со години, коронавирусот дополнително ѝ го влоши здравјето.

Пред осум месеци таа проговори за ракот. Во таа прилика изјави дека стравува за својот живот, но дека не се предава.

– Многу ми е лошо, постојано лежам. Се плашам.. Тоа е нормално чувство. Мојата борба трае со години, не може да заврши преку ноќ. Постојано ми ја менуваат терапијата, мојот организам можеби повеќе не е доволно силен за сето тоа да го издржи. Ама, не се давам – раскажа таа.

И покрај лошата состојба во која се наоѓаше, Марина откри дека не можела да ги остави цигарите.

– Имам само еден порок. Понекогаш палам. Се’ пробав за да ги оставам, но не оди. Се обидувам да се хранам здраво, пијам сок од аронија и од цвекло – призна Марина.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

По смртта на синот, Марина една работа никогаш не сакаше да дознае за него

Марина Туцаковиќ, дамата која ги напиша стиховите на најголемите музички хитови во регионот, почина денеска на 67-годишна возраст. Се’ до нејзината смрт најголема болка ѝ остана синот Милош кој трагично го загуби животот на први декември 2008 година. Таа го затекна безживотното тело на своето чдо во семејната куќа во […]