fbpx

Ја сакаше Силвана и беше очаен: Исповед на сопругата на Тома Здравковиќ

Животот со него не беше лесен, открива Гордана, жената која 18 години беше во брак со Тома Здравковиќ

Вдовицата на легендарниот српски музичар во искрено интервју за „К1 телевизија“ се расплака зборувајќи за животот со неповторливиот боем, поет и пејач.

„На почетокот беше многу конфузно. Имав 25 години кога се запознавме, а тој беше 12 години постар. Беше оформена личност и тоа морав да го прифатам. Не сакав да го менувам. Морав да се вклопам во неговиот живот. Тој беше човек кој малку зборуваше, па самата морав да одлучувам што сака, а што не сака“, раскажува Гоца.

Вели дека имало многу мудрости во него. Често ѝ повторувал една животна филозофија дека се’ што можеш да допреш со рака не вреди.

„Велеше дека му е сеедно дали живее во палата или во соба. Постојано беше на маргините. Бараше слобода. Прашуваше зошто луѓето мора да имаат возачка дозвола. Ми велеше: Не чекај нешто да завршиш, за да живееш. Живеј го секој момент“, продолжува таа.

Пред Гордана, Тома имаше три неуспешни брака. Жените во неговиот живот го опишуваа како импулсивен маж кој не знае за верност. Гордана претпоставува дека нејзиниот сопруг бил вљубен во Силвана Арменулиќ, но дека тоа никогаш никому не го рекол.

„Меѓу нив постоеше големо пријателство, но таа за беше недостижна за него. Верувам дека никогаш не собрал храброст да ѝ каже дека ја сака. Кога загина, беше очаен. Се сеќавам, Лепа Лукиќ ни јави за несреќата. Никогаш претходно го немав видено толку тажен“, открива Гордана.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресни сцени: Погреб на легендарната Марина Туцаковиќ

Бројни пријатели, колеги и роднини денеска се собраа на Новите гробишта во Белград каде ќе биде погребана Марина Туцаковиќ. Членовите на семејството ја испочитуваа нејзината последна желба да биде погребана покрај нејзиниот син Милош кој почина пред 13 години. Сандукот е покриен со црвени ружи, а на истиот стои емотивната […]