fbpx

Длабока тага: Неверување за смртта на 17-годишниот Јован

Не стивнуваат реакциите по трагичната вест која ја потресе македонската јавност

Нова трагедија денеска ги вознемири љубителите на македонскиот спорт.

Животот го загуби младиот ракометар Јован Николоски кој имаше само 17 години.

Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка, пишуваат денеска на социјалните мрежи.

„Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш“, стои на фејсбук-страницата на ГРК Охрид.

Николоски е од село Мешеишта, Општина Дебарца. Загина во сообраќајка што се случи изутринава околу 3 часот кај село Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево. Тој бил сопатник во возилото и од здобиените повреди починало на местото на несреќата, информираат од МВР.

Возачот, исто така малолетник, се здобил со тешки повреди и е пренесен во охридската болница „Св.Еразмо“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Д-р Стојановиќ за новите симптоми на корона: Внимавајте на ова!

Вирусот повторно мутираше Д-р Александар Стојановиќ, директор на српскиот здравствен дом „Д-р Милутин Ивковиќ“, денеска предупреди дека коронавирусот мутирал и дека уште еден симптом може да биде индикатор за болеста. Тој за утринската програма на телевизија Прва изјави дека и стомачните тегоби можат да бидат сериозен аларм за Ковид-19. „Вирусот […]