fbpx

На 70 има тело какво што немала на 20: Ова го јаде секој ден, а има и две ужинки

Таа е најстарата фитнес инструкторка. Има 73 години и тело на кое можат да ѝ позавидат далеку помлади жени и девојки. За оваа неверојатна трансформација заслужна е само една работа

Кога наполнила 70 години, Џун Мекдоналдс имала речиси 100 килограми и проблеми со крвниот притисок и холестеролот. Тој ден одлучила дека е крајно време нешто да преземе.

Нејзината ќерка веќе држела часови по фитнес, па ја убедила да смисли соодветен тренинг и за нејзината мајка. Оттогаш, работи со полна пареа и не пропушта ниту еден час. Вели дека се гордее со себе и сега сето знаење што го собрала сака да го сподели со нејзините пријатели на социјалните мрежи.

– Ако една баба на 70 години успеа, тогаш може да успее секој! – порачува таа.

Г-ѓа Мекдоналдс цел живот се борела со вишок килограми, но нејзините животни навики што ги стекнала со годините морала да ги промени во само еден ден. Денес има 73 и изгледа подобро од било кога.

– Се чувствувам како различна жена – искрена е Џун.

Две недели ѝ биле потребни да го совлада материјалот од ќерка ѝ за здравиот начин на живот за потоа успешно да ги примени нејзините совети. Во првите шест месеци ослабела 20 килограми, а во наредните изгубила уште 15.

Теретана посетувала 5 пати неделно, а тренингот се содржел од 15 минутни кардио вежби и исто толку вежби за обликување на телото.

Комплетно ја сменила исханата, како и нејзиниот однос спрема истата. Наместо 3 големи оброци на кои била навикната, почнала да јаде 5 пати дневно, но во помали количини. Менито сега ѝ се базира на житарки од цело зрно, месо без многу маснотии и многу зеленчук. Основна група на намирници ѝ се протеините. Благодарение на нив, изградила и мускули и брзо ги согорела сите масни наслаги.

Вака изгледа нејзиното дневно МЕНИ:

Доручек: Овесна каша или омлет од 2 цели јајца и 3 белки, малку немасно сирење и зеленчук.

Ручек: Месо со малку маснотии, многу зеленчук и интегрален леб.

Вечера: Риба и зеленчук или интегрален леб со чаша јогурт.

Во текот на денот има и две ужини кои се состојат од едно овошје или шака јаткасти плодови или сладолед без шеќер.

Повремено знае да се почасти и со некој колач. Ги слуша потребите на своето тело и се раководи спрема нив. Вели дека најважно е да се исфрли масната храна и прекумерната употреба на шеќер. Тоа се главните правила според кои треба да се водите. Со дополнителна физичка активност, резултатите се подразбираат.

Џун нагласува дека без тренинг не е возможно да го обликувате телото.

– Правилната исхрана се подразбира, но тренингот и тоа а како е важен. Со изгубените килограми си заминаа и болестите. Ги исфрлив лековите, веќе немам проблеми со артритисот, болеста на бубрезите ја држам под контрола. Имам повеќе енергија и самодоверба. Да стигнете до целта е лесно кога ќе донесете одлука. Планот за исхрана не е тежок. Јас никогаш не сум гладна. Најтешко ми беше да тргнам по овој пат, а верувам дека истово ги мачи многу жени. Само помислете колку подобро ќе се чувствувате и изгледате. Ете  јас сум пример дека сѐ е можно – завршува Мекдоналдс.

Следни Објави

Познатиот неврохирург советува: Само вака можете правилно да го одморите мозокот!

Мозокот никогаш не спие, но постои начин да го одморите и стимулирате. На мозокот му се потребни позитивни третмани, порачува романскиот неврохирург Влад Циуреа. Тој објаснува на кој начин да го стимулирате и да го опуштите мозокот. – Често можам да им прочитам од лицата на моите пациенти дека страдаат. […]