fbpx

Кристијан избоден до смрт од манекенка со која се забавувал: Го убила, па се сликала разголена (ФОТО)

Уапсена е манекенката и инфлуенсерка Кортни Тејлор (25) за убиство на своето момче, јавуваат светските медиуми. Откако полицијата открила детали за трагедијата, таа веднаш била префрлена во психијатриска установа.

По жестока расправија до смрт го „искасапила“ партнерот Кристијан Обумселиј (27) во нивниот заеднички луксузен стан во Мајами.

Кога соседите слушнале невообичаена врева, веднаш повикале полиција. Експресно реагирала и брзата помош, но на пат кон болницата несреќното момче им подлегнало на повредите.

Откако го убила, Кортни на социјалните мрежи објавила неколку фотографии на кои позира разголена, затоа што главно заработувала од платформата „Онли Фанс“.

На полицијата не ѝ го открила мотивот за убиството, но веднаш соопштила дека посакува да си го одземе животот, па според законите во Флорида, итно е префрлена во специјализирана психијатриска установа на надгледување.

Фановите на Кортни се шокирани од ова нејзино однесување. Неа само на „Инстаграм“ ја следат преку два милиони луѓе.

Фото: Инстаграм

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Шокантно сведоштво за убиството на Денис Тот: За оваа работа досега се молчеше!

Не стивнуваат реакциите на јавноста по смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој играше за скопски Бутел. Денеска на социјалните мрежи се појави и вознемирувачка снимка од безбедносните камери пред дискотеката „Привилиџ“ за која се тврди дека е од убиството на 28-годишниот спортист. Овој случај ја крена на нозе јавноста […]