fbpx

Шокантно сведоштво за убиството на Денис Тот: За оваа работа досега се молчеше!

Не стивнуваат реакциите на јавноста по смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој играше за скопски Бутел.

Денеска на социјалните мрежи се појави и вознемирувачка снимка од безбедносните камери пред дискотеката „Привилиџ“ за која се тврди дека е од убиството на 28-годишниот спортист.

Овој случај ја крена на нозе јавноста во целиот регион поради низата недоследности, а најновото сведоштво кое го пренесе „Вечерњи.хр“ дополнително ги вознемири сите.

„Според информациите кои ги имам, хрватскиот ракометар ѝ пришол на девојката која била во таксито и нешто ѝ кажал. Тогаш бил брутално претепан и оставен беспомошно да лежи. Се’ се случило околу три часот наутро и напаѓачите прво заминале со такси, а потоа се вратиле обидувајќи се да му помогнат. Но, Денис Тот наводно бил хоспитализиран десет минути по четири часот, односно поминало повеќе од еден час од ударите во главата до доаѓањето во болница и тоа можеби било кобно за него“, објаснува неименуван извор.

Шок и неверување: Нови детали за осомничениот убиец на Денис Тот

За убиството на Денис се осомничени три лица од Скопје, две момчиња на возраст од 28 и 22 години, како и 19-годишна девојка. Првоосомничениот е во бегство, додека другите две лица се приведени и се наоѓаат во притвор.

Фото: Принтскрин/Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

„Тужно лето“ секогаш ќе биде наша песна: Стефанија се прости од ракометарот Денис Тот (ФОТО)

Не стивнуваат реакциите по смртта на 28-годишниот хрватски ракометар Денис Тот. Вчера на социјалните мрежи се појави и вознемирувачка снимка од безбедносните камери пред дискотеката „Привилиџ“ за која се тврди дека е од убиството на младиот спортист. Од Основното јавно обвинителство велат дека се анализираат сите снимки од видеонадзорот во […]