fbpx

Син ѝ одбил да се лечи, тоа ѝ е најголемата болка: Добрила наполни 95 години, ОВА ѝ дало сила да продолжи да живее

Добрила Ивановска-Чабриќ, победничката на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“, неодамна наполни 95 години. Животот не ја мазел воопшто, но успеа да се справи со сите предизвици и да дочека длабока старост.

Неодамна раскажа дека кај неа дома секогаш е весело. Времето го поминува корисно и, како што кажа, никогаш не ѝ е досадно.

– Ја завршувам својата прва книга во која ќе ги има сите детали од мојот приватен живот. Знам дека ќе биде бестселер, имам многу што да кажам, а ќе биде и поучна за многумина – самоуверено порача Добрила пред две години.

Една од семејните трагедии кои ќе бидат опфатени во книгата е загубата на синот. За него кратко зборуваше во едно интервју.

– Ако јас мојот син не успеав да го убедам дека животот е убав и дека треба јас да сум му пример, јас немам права да заминам по него. Тој крена раце од себе си, од животот, тој не сакаше да се лечи. Замина прерано и велам дека немам право да заминам по него затоа што мене тој пат секако ме чека – раскажа Добрила.

Во животот секогаш ја гледала убавината и позитивната страна, и тоа ѝ давало сила. 

– Пресреќна сум што имам поколение од својот син, што мојата крв оди понатаму. Затоа, имам сила да живеам, сакам да живеам и ќе им бидам пример на сите како треба да живеат – дополни пејачката. 

Следни Објави

Шок среде операција: Мислеше дека пациентот е под АНЕСТЕЗИЈА, но погледнете му ја раката (ВИДЕО)

Ах, кога ѕидовите би имале очи и уши. Особено оние во операционите сали. Сигурно би можеле да раскажат многу среќни приказни, да опишат лекарски подвизи, но и да посведочат за некои тажни и трагични исходи. Сепак, некогаш се случуваат ситуации кои не можат да се предвидат, а се однесуваат, најблаго […]