Ваква не сме ја виделе
Агнеса Органџиева лани на хејтерите им порача дека нема направено никакви естетски корекции и дека во прашање се гени, но годинава се случи сосема спротивното и стана заштитно лице на клиника за пластична хирургија.
Македонската инфлуенсерка сега конечно објави и фотографија на која позира без грам шминка.
Во вакво издание дефинитивно не сме ја виделе, па со објавата на „Инстаграм“ каде ја следат сто илјади луѓе предизвика лавина коментари.
Агнеса ѝ стана интересна на јавноста откако нејзиниот маж Роберт Орданоски, инаку поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации, почна јавно да ја напаѓа дека е жена од интерес.
„Негативните коментри, особено од жените многу ми се смешни. Жени што до Вардар не отишле. Затоа не се замарам. Разбирам дека имало и ќе има луѓе љубоморни и искомплексирани“, изјави Органџиева во едно нејзино интервју.
Двојката има две ќерки.
Повеќе фотографии од Агнеса во продолжение:
Фото: Социјални мрежи