fbpx

Која е Емилија, жената со која Бајага се разведува по 33 години брак?

Ѝ ги посвети сите љубовни песни, на крај ја остави

Еден од најголемите кантавтори на овие простори, Момчило Бајагиќ-Бајага, се разведе од сопругата Емилија по 33 години брак, јавуваат српските медиуми.

Популарниот музичар кој неодамна повторно гостуваше кај нас, токму нејзе ѝ ги посвети сите љубовни песни, а во една прилика откри и дел од нивната љубовна приказна. Со сопругата се запознале сосема случајно во автобус.

„Ема живееше во Земун, а ние се сретнавме во автобус. Во автобусот, ја прашав за првпат дали би сакала да излезе со мене во недела, а таа рече дека не излегува во недела. Ми звучеше дека сака да ме одбие, затоа што кој не излегува во недела? Ема сигурно излегува во сабота помислив, од каде знам. Тогаш не поставив дополнителни прашања. Дури по неколку месеци почнавме да излегуваме“, истакна музичарот во интервју за „Новости“.

Двојката има две деца, ќерката Ангела и синот Марко.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Се омажи македонската ѕвезда од „Гранд“: За една работа зборуваат сите (ГАЛЕРИЈА)

Викендов се омажи младата македонска пејачка Мими Јовановска која се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Со нејзиниот избраник, музичарот Филип Нунески, направија свадба за која уште долго ќе се раскажува, коментираат оние што присуствувале на настанот. Она што пријатно ги изненадило гостите бил првиот танц на младоженците. Наместо со некој […]