fbpx

Се омажи македонската ѕвезда од „Гранд“: За една работа зборуваат сите (ГАЛЕРИЈА)

Викендов се омажи младата македонска пејачка Мими Јовановска која се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Со нејзиниот избраник, музичарот Филип Нунески, направија свадба за која уште долго ќе се раскажува, коментираат оние што присуствувале на настанот.

Она што пријатно ги изненадило гостите бил првиот танц на младоженците. Наместо со некој познат љубовен рефрен, познатата двојка веселбата ја отворила со нивна авторска песна.

Македонскиот трубач со интернационална кариера, Џамбо Агушев, со неговиот бенд продолжил да ги забавува гостите до раните утрински часови.

Мими и Нуне се верија пред речиси една година, а на вечна љубов пред Бога сега се заколнаа во скопската црква Свети Димитрија.

Јовановска веќе подолго време е присутна на естрадата. Како вокалистка на бендот „Да Капо“ досега имала бројни настапи ширум нашата земја. Зад себе има неколку авторски песни отпеани на домашни фестивали.

Нунески, пак, е докажан музичар, дел од братското дуо „Нуне брадерс“ кое пред неколку години имаше чест да настапува и со легендарната Есма Реџепова.

Ј.П.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Вонредна прогноза на Славчо Поповски: Следува екстремно топол бран, ова се деталите

Пред нас е голема суша. Затоа внимавајте на природата за да не дојде до евентуална појава на пожари и секако избегнувајте движење на отворено, им порача метеорологот Славчо Поповски на своите следбеници на социјалните мрежи. Тој нагласува дека Македонија ќе ја зафати екстремно топол бран со исклучително висок УВ-индекс. „Според […]