Јоан „Џон“ Кинг, ѕвездата од хит-серијата „Спартак“ почина на 49-годишна возраст, девет месеци откако му беше соопштено дека има рак.
Омилениот телевизиски јунак почина од аденокарцином кој со голема брзина му се прошири на панкреасот и на другите органи, информираат светските медиуми.
Актерот од Нов Зеланд го играше гладијаторот Раскос во мегапопуларната франшиза.
Неговиот колега од серијата, Ману Бенет, напиша емотивна посвета на „Инстаграм“.
„Џон во Спартак првично беше ангажиран како статист, но неговата моќна појава и секогаш позитивниот став меѓу колегите му ја донесе улогата на Раскос. Секогаш ќе го паметам по неговата насмевка и искрата во очите кога секојдневно ни посакуваше добредојде на сет, пружејќи ја неговата гладијаторска рака и кога со неговиот длабок глас ќе ме наречеше брат“, напиша тој.
Кинг последен пат ѝ се обрати на јавноста само неколку дена пред да почине, споделувајќи видео од семејниот ручек со мајка си и сестра си.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО