fbpx

Џеј Ло вторпат се омажи за Афлек: Венчаницата остава без здив, една работа ги изненади сите (ФОТО)

Џенифер Лопез и Бен Афлек вчера го изговорија судбоносното „ДА“ по вторпат, а церемонијата наликуваше на бајка

Латино-дивата Џенифер Лопез и холивудскиот актер и филмаџија Бен Афлек вчера се венчаа во нивната вила во Џорџија.

Двојката за која изминатиов период светските медиуми не престанаа да пишуваат, направија гала-прослава за своите најблиски роднини и пријатели на имотот вреден околу девет милиони долари.

Славната Џеј Ло овојпат облече венчаница на Ралф Лорен, а Афлек се одлучи за вонвременска класика-смокинг.

Освен нивните деца кои ги имаат од претходните бракови, на свадбата присуствуваа и многу познати личности меѓу кои актерите Мет Дејмон, Џорџ Клуни, Рене Зелвегер и Џејн Фонда, режисерот Кевин Смит и водителот Џими Кимел.

Сепак, некои луѓе кои беа очекувани на забавата, не се појавија. Иако останаа во одлични односи, меѓу поканетите гости не се најде поранешната сопруга на Афлек, актерката Џенифер Гарнер. Венчавката ја пропушти и неговиот брат Кејси, наводно поради неодложни родителски обврски.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мајката на починатиот музичар: Мојот Златко веќе го нема, морам да сум силна за внуките

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на младиот пејач и музичар Златко Живадиновиќ. Тој им подлегна на повредите со кои се здоби во сообраќајната несреќа во Крушевац, откако беше прегазен на пешачки премин од автомобил управуван од жена која наводно била во тешка алкохолизирана состојба. Сега се огласи и […]