fbpx

Мантилот на Ана кој секоја жена треба да го има: Безвременски модел со кој секоја комбинација изгледа скапо

Ана Ивановиќ своите модни избори редовно ги споделува на „Инстаграм“. Иако нејзиниот стил секогаш е во чекор со најновите трендови, во суштина е многу одмерен, префинет и женствен.

Српската тенисерка ретко греши со облеката, а сега повторно воодушеви со елегантна комбинација која е идеална за сите деловни жени.

Ана позира во бели килоти, модел на кратки панталони со широки ногавици кои спаѓаат во безвременски, иако даваат многу елегантен изглед. Со нив искомбинирала плетен џемпер со сјајни детали, а целиот аутфит го комплетирала со црни салонки и ташна во сина боја.

Посебен впечаток во оваа извонредна модна комбинација дава класичниот тренч мантил кој е апсолутен хит оваа есен.

Доколку веќе немате еден таков во вашиот плакар, треба задолжително да си набавите. Жените го обожаваат овој дизајн бидејќи е совршен и лесен за комбинирање, но истовремено ви гарантира и моќен изглед кога и да го облечете. Едноставно, со овој безвременски модел секоја комбинација изгледа скапо.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Македонија се откажа од „Евросонг“: Се јави директорот на МРТ, една работа ги шокира сите

Македонија нема да се натпреварува на „Евросонг“ наредната година во Ливерпул, потврдија од националниот сервис. Причината за нашето повлекување од престижното музичко шоу со милионски аудиториум ја образложи првиот човек на МРТ, господинот Марјан Цветковски. „Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата […]