fbpx

Македонски ученик исмејуван поради парче леб: Трогателна исповед на наставничката Габи

17.11.2022, дата која ќе ја паметам цел живот..

Голем одмор.. Учениците јадат, си разговараат, се смеат.. Наеднаш еден ученик извикува: „Наставничке види го..“

Одам до масата на ученикот, здогледувам како детето загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво..

Оффф ГОСПОДИ, немам ни чашка да му наполнам водичка. Со трчање одам до кафематот му земам чајче. Му го подавам чајчето и му велам повели..

Почнува да се крие и да му се ронат солзи низ тоа невино лице и од срам не го прифаќа. Му давам задолжение да излезе од училницата.. Седнуваме на парното и му велам: „Ќе ти се налутам ако не го прифатиш чајчето, ајде живели“.

Во моментот милион емоции ме облија, душата ме боли, срцето ми се скрши. Зошто, зошто децата немаат бесплатна храна во училиште, зошто децата да бидат гладни, зошто дозволуваме да има вакви ситуации?

Знаеме дека многу родители едвај го поминуваат месецот, но жалосно е што има вакви сутации, каде што барем храната за учениците во училиштата не е обезбедена од страна на државата. БОЛНО, многу болно.

– Да ги согледаме овие болни ситуации и во рамки на нашите можности да помогнеме колку можеме!

– Да ги научиме нашите деца дека сите сме исти на оваа планета, без разлика на националност, боја на кожа, финансиски средства..

Фејсбук-статус на Габи Георгиевска Стефановска

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Марко заврши во полиција: Татко му направи нешто страшно, но неговото дело е уште пострашно

Како бомба во медиумите оддекна информацијата за приведувањето во полиција на младиот тиктокер Марко М. Тој е повикан на информативен разговор откако го сними татка си како ја тепа неговата сопруга, додека тој фаќа сеир и не превзема ништо. Повеќето негови следбеници веруваат дека снимката е автентична и дека не […]