Вечерва, а особено утре, големото невреме кое го најавивме за Македонија, како и за целиот регион ќе прави големи проблеми, предупредува Славчо Попоски.
Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, на многу места низ Македонија ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради особено големата енергија во атмосферата, на повеќе места ќе има појава на големо невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, олуен ветер, како и со појава на крупен град.
Постои опасност од големи временски непогоди, односно големи поплави, пишува Попоски на неговиот портал „Метео аларм“.
Температурите остануваат летни и нема многу да се менуваат во споредба со оние кои ги имаме сега.