Нејла Дедеиќ (18) и Барбара Божовиќ (20) загинаа во сообраќајна несреќа во Црна Гора кога во нивниот автомобил удрило Ауди
Во страшна сообраќајна несреќа на главниот пат Бар-Улцињ загинаа Нејла Дедеиќ (18) од Рожај и Барбара Божовиќ (20) од Бар, кога на нивниот автомобил Сеат налетал М.Д. со Ауди.
Несреќата се случила синоќа половина час по полноќ, наводно поради пребрзо возење на момчето со Аудито. Три лица загинаа, а две се повредени.
Нејла седела на совозачкото седиште и од силината на ударот починала на лице место, како и возачот на Аудито, додека нејзината пријателка Барбара им подлегнала на повредите два часа подоцна во болницата во Бар“, вели извор за „Мондо“ и додава дека во сударот се повредени уште две тинејџерки на возраст од 19 години.
„Нејла таа вечер наводно со другарките се враќала од забава. Таа беше средношколка и нејзините родители се уништени од болката и утре ќе ја погребаат во родното Рожаје“, додава истиот извор.
На социјалните мрежи пријателите се збогуваат со младите девојки за кои велат дека биле прекрасни и посебни.
„Допрва требаше да живеат“, пишуваат тие.
И семејството Божовиќ утре на гробиштата во Бар ќе ја испрати Барбара на вечното почивалиште.