fbpx

Може сè да падне во вода: Веља Невоља со уште еден генијален потег

Очигледно е дека Вељко Беливук добро го осмислил секој потег до најситни детали во случај да падне во рацете на полицијата.

Веќе дознавме дека популарниот Веља Невоља во својот возен парк имал два автомобила марка „Ауди“, идентични како оние на директорот на полицијата Владимир Ребиќ. Тој дури се сетил да направи и идентични регистарски таблички како оние на првиот човек на министерството за внатрешни работи.

Сега медиумите пишуваат дека тој и неговата „војска“ ја користеле кодирната апликација „Скај“ која користи шифрирани податоци кои практично е невозможно да бидат откриени бидејќи се посебно заштитени. Дури е можно со внесување на посебна лозинка, трајно да се избришат сите податоци испратени преку оваа апликација. Токму поради тоа, истата е многу популарна меѓу криминалците и не е воопшто евтина. Активирањето чини и до 2.000 евра.

Семејна трагедија: Откриена најголемата тајна на Веља Невоља

Веља Невоља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Фото: Србија данас

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Погреб наместо роденден: Сергеј Ќетковиќ скршен од болка

Еден од омилените пејачи на овие простори, Сергеј Ќетковиќ (45), поминува низ исклучително тежок период откако пред два дена неговата мајка Драгица почина од последици на Ковид-19. Погребот се случил вчера на осми март, токму на неговиот роденден. Српските медиуми јавуваат дека и неговиот татко Слободан е хоспитализиран, исто поради […]