fbpx

Шилегов ќе плаќа за маалски концерти, граѓаните ќе гледаат од тераса

Град Скопје ги претстави мерките со кои што излегува во пресрет на барањата на независната културна сцена да им се овозможи социјална сигурност и можност за културно творештво на уметниците без постојана егзистенција, а кои со вонредната состојба ги изгубија сите свои ангажмани.

Преку мерките насловени „Култура во време на Корона“ се предвидува пренамена на буџетските средства, одложување на неприоритетните капитални инвестиции во културата, загарантиран минимален хонорар за сите ангажирани уметници за време на кризата, како и адаптирање на културните програми на сите градски институции на новите услови на работа.

Според предвидената програма, дел од проектите поддржани со Јавниот повик за 2020 ќе бидат авансно исплаќани, соодветно на потребите за уметниците од независната културна сцена да добијат помош за надминување на „првиот финансиски удар“.

– Со оглед на затворените врати на сите културни институции за време на вонредната состојба, Град Скопје ја прави културата достапна до сечиј дом. Веќе од наредната недела градот ќе организира маалски концерти кои што ќе имаат можност да се следат од балконите. Притоа, ангажираните изведувачи ќе бидат невработени уметници и ќе добиваат еднаков солидарен хонорар од 14.500 денари – стои во соопштението.

Исто така се предвидува програмите на градските културни институции да се пренасочат онлајн, а доајените во културата над 70 години ќе добиваат логистичка и психолошка поддршка од волонтери на Град Скопје.

– Истовремено, Град Скопје ќе работи на содавање на пост-кризна стратегија за култура која што ќе значи редефинирање на програмите, изработка на нов план на активности, здружено споделување на ресурсите на градските културни установи, како и изнаоѓање на нови простори кои ќе нудат можности за следење на зголемениот број на културни содржини по завршувањето на вонредната состојба – се потенцира во соопштението.

Следни Објави

Старите да останат дома до крајот на годината: Се согласувате ли?

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, смета дека контактите на старите лица во Европа со другите треба да останат ограничени барем до крајот на годината заради епидемијата на коронавирусот. Таа за германски „Билд“ појасни дека без вакцина, треба да ограничиме што е можно повеќе контакти со постарите лица, […]