fbpx

(ВИДЕО) Монструозен чин, семејствата на починатите во шок

Дури 62 надгробни плочи биле искршени во вандалскиот чин на сквернавење на христијанските гробишта во скопско Камник. Мештаните тврдат дека изживувањето се случувало за време на полицискиот час.

Вандалскиот чин веднаш беше осуден од повеќе институции, партии, поединци и здруженија, а Акционерското друштво за погребни и придружни дејности „Бутел“ вети дека на своја сметка ќе ги обнови оштетените гробови.

Директорот Ѓорѓе Матевски за „Вечер“ изјави дека досега се пријавиле десетина оштетени граѓани и нагласи дека во понеделникот на влезот на гробиштата биле поставени три камери.

Овој вандалски чин најостро го осуди и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Од Комисијата изразија сочувство до семејствата, чии најмили почиваат на овие гробишта споделувајќи го немирот и револтот по овој нечовечки акт.

Видео: Нетпрес

Следни Објави

Чудо во Иран: Рачен уред кој препознава корона на 100 метри

Иранскиот генерал Хосеин Салами тврди дека открил рачен уред кој може да ги идентификува луѓето заразени со коронавирус на оддалеченост од 100 метри. Тој објаснува дека прецизноста на уредот е 80 проценти без да наведе докази, информира „БИ-Би-Си“. „Основата на овој уред е да се создаде магнетно поле засновано на […]