Иранскиот генерал Хосеин Салами тврди дека открил рачен уред кој може да ги идентификува луѓето заразени со коронавирус на оддалеченост од 100 метри. Тој објаснува дека прецизноста на уредот е 80 проценти без да наведе докази, информира „БИ-Би-Си“.
„Основата на овој уред е да се создаде магнетно поле засновано на биполарен вирус во внатрешноста на уредот. Неговата антена може да се фокусира насекаде во радиус од 100 метри и да го идентификува заразеното место во рок од пет секунди“, вели командантот на иранската Револуционерна гарда.
Засега, единствениот сигурен начин за тестирање на Ковид-19 е земањето брис од нос или грло.