fbpx

Од еден се заразиле деветмина: Откриен нов начин на пренесување корона!

Коронавирусот во еден кинески ресторан од една личност се проширил на деветмина други, стои во статијата на магазинот Emerging Infectious Diseases кој го издава американската Федерална здравствена агенција.

Анализиран е инцидент којшто се случил во јануари во кинескиот град Гунгџоу во кој пристигнало семејство од Вухан, пренесува „Дејли меил“.

Научниците велат дека еден член од семејството бил заразен, но немал никакви симптоми и дека по нешто помалку од две недели девет други од истиот ресторан заболеле од Ковид-19.

Меѓу нив биле и членовите на семејството од Вухан и уште две групи кои седеле на соседните маси. Масите се наоѓале на оддалеченост од еден метар, а ресторанот немал прозори.

Во статијата се вели дека заразата во ресторанот најверојтно се проширила преку респираторни капки. Но, ако се земе в предвид фактот дека истите тие капки кои човекот ги исфрла преку зборување, кивање и кашлање во воздухот остануваат многу кратко и на релативно мала дистанца, научниците заклучиле дека вирусот се проширил преку системот за климатизирање.

– За да се спречи ширењето на вирусот во ресторани, препорачуваме да се зајакнат системите за надгледување на темпертурата, да се зголеми одалеченоста помеѓу масите и да се подобри вентилацијата – велат од тимот научници кои го испитувале овој случај.

Следни Објави

Да, љубев жена: Миа Костова проговори за бисексуалноста

Поранешната водителка на естрадниот ТВ-магазин „Бекстејџ“ лани се врати во шоуто, но овојпат од другата страна, како гостинка наместо домаќинка. Во емисијата првпат отворено проговори за љубовниот живот и за бисексуалноста. – Да, љубев жена, тоа е вистината. Претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба […]