Буквално бдеевме над него. Можам да кажам дека навистина сум горда на првиот успех на ниво на нашата држава, вели шефицата на Одделот за инфективни болести, д-р Патриција Каламарас, за болниот од Ковид-19 што успеа да се извлече од респиратор, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК
Д-р Каламарас дала одобрување по приемот на пациентот во многу тешка состојба, да му се даде лекот „тоцилизумаб“, зашто по резултатите, тој ги исполнувал условите. Во спротивно, ако не ги исполнувал потребните услови, лекот не би можел да го прими, односно залудно би му се дал.
„Првиот мој контакт со пациентот кога се разбуди, тоа чувство на среќа јас не можам да го опишам. Го прашав: ‘Дали се сеќавате на мене кога ве примив дента?’ Ми одговори: Да се сеќавам’, по што ми го кажа и името кое ми го запамтил. Целиот замор од овие два ипол месеца ми го избриша. Се чувствувам како да сум прв ден на работа“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК докторката Каламарас.
Целиот текст прочитајте го ТУКА!