Разрешен е поглаварот на Исламската верска заедница(ИВЗ), Сулејман Реџепи, и до избор на нов претседател функцијата ќе ја извршува гостиварскиот муфтија Хафир Шаќир Хетаи.
– Едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на Исламска верска заедница. Оваа одлука стапува на сила од моментот на донесувањето – информира Ефенди Шаќир Фетаху по одржувањето на вонредната седница на риасетот на ИВЗ.
Медиумите изминативе неколку дена не престанаа да пишуваат за реисот Реџепи. Прво ја изненади јавноста со изјавата на празникот Рамазан Бајрам дека коронавирусот е мртов. Новинарите се заинтересираа и за неговиот приватен живот откако повеќе портали пренесоа дека неговата нова сопруга е дури 50 години помлада од него.