На фејсбук-страницата „Охриѓани“ која ја следат на 47.000 луѓе, пред малку осамна ироничен текст за гостите кои го посетија нашиот туристички центар за овој продолжен викенд.
Хуморот на многумина не им се допадна, па обвинија дека локалното население на Охрид постојано се жали од гостите, а истовремено се жали на слабата сезона, оваа, но и секоја претходна година.
Објавата која предизвика голем интерес на социјалните мрежи ви ја пренесуваме во целост:
* Официјална програма за утрешното испраќање на гостите и дезинфекција на градот! 😷
➡️ Од 5.00ч – 5.30ч собирање на сите Охриѓани кј минимаркет.
➡️ 5.30ч ојме сите кј петљана
➡️ 6.00ч – 8.00ч испраќање на нашите викендаши.
➡️ Земете по 200 денари да им вратиме на секој Скопјанец за кафето шо го платија 350 денари.
➡️ Исто ќе делиме шишиња со езерска вода, зш се опраа од сркање со лајци овие 3 дена.
➡️ Ќе имат жива музика, ќе се свирит и “Черешна се од корен корнеше” зш чуството е исто како невеста шо ќе заминит од дома.
➡️ Без плачење и тага, ќе се вратет пак наредниот полициски час или за Илинден.. (зш Грција не ги сакат)
➡️ Мислешани нека му фрлет некое јајце по колине за среќа и добар пат!
➡️ Дебрчани да не излезет на магистралниот пат, гостиве слободно да может да шибет за Скопје!
➡️ После сите дома на к’пење, кој сакат и со ВИМ нека се жулнит.
➡️ Од 10.00ч – 13.00ч дезинфекција на народот со цистерни. Први Воска, последни Бејбунар.
➡️ Сите да застаните голи на улица, ќе поминит цистерната и ќе ве испрскат. (На 2-3м оддалеченост)
➡️ Седите 10 минути на сонце да упијат.
➡️ Од 13ч до 16ч ќе ојт до Љубаништа.
➡️ Олшанци нека слезет голи кј Елешец, зш цистерната немојт да накачит.
➡️ Љубанци нека одет голи Трпејца, зш шоферот Климе се брзат сакал да фрлит мрежа за плашици.
➡️ Од 16ч до 17ч ќе поминит Лескоец
➡️ Велгошти неморат зш рајчијата доволно дезинфицират.
➡️ Исто и Косел неморат, зш 30 минути зрачење на вулканската миризба ги убиват сите вируси.
➡️ После сите со крпите и кофите и да се чистит градов. Секое ќоше, секоја дупка, све!
➡️ Од вторник ќе си пиеме кафе 80 денари во чист град! ❤️