fbpx

Бројката не паѓа: Од 702 тестирања дури 127 позитивни

Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 67
– Куманово 1
– Дебар 1
– Штип 33
– Тетово 10
– Струга 5
– Охрид 6
– Кочани 2
– Пробиштип 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.

– Скопје 4
– Тетово 2
– Гостивар 1

Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.

Следни Објави

Караџовски е цврст како куче, но имаме ли ние памет?

По денешниот прес на министерот за здравство Венко Филипче, повторно во фокусот се најде претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски. Тој рече дека анализата покажала дека од 26 мај наваму има исклучително непочитување на мерките за заштита. – Јас сум цврст како куче и ќе издржам – рече […]