Не сум убеден дека давањето на крвна плазма има значително влијание во оздравување од тешките и критични форми на КОВИД-19. Неопходни се издржани научни студии со вакви податоци, вели инфектологот Вело Марковски, во интервју за „Фактор“.
Тој, исто така, смета дека некој што веќе се изборил со коронавирусот, не може повторно да биде позитивен, а својот став го темели на мислењето дека брзите ПЦР тестови за Ковид-19 не се најсоодветни.
Д-р Марковски нагласува дека очекувањата на луѓето дека многу скоро научниците ќе развијат вакцина е многу поопасно од самиот вирус. За него, повеќе од очигледно е дека во светот постојат интереси пандемијата да потрае, бидејќи, како што појаснува, ако овој проблем беше оставен само на науката, за кус период ќе имаше разрешница.