Група британски научници апелираа до Националниот здравствен институт да ја дополни листата со симптоми на коронавирусот со уште еден очигледен, многу чест сегмент, а се однесува на кожата
Институтот бил критикуван дека пропуштил да додаде некои симптоми на листата за Ковид-19, откако се појавија нови податоци за нив.
Овојпат, станува збор за нафрлање на кожата која е присутна кај еден од 11 лица заразени со вирусот. Академици од Лондон направиле обемно истражување на 20.000 пациенти и видливото иритирање на кожата го завеле како официјален симптом на коронавирус.
До ова тврдење дошле преку собирање на информации од 2.021 потврдени случаи на корона. Од нив, дури 178 имале евидентна иритација на кожата, а тоа е приближно девет отсто.
– Нафрлањето може да се појави во било каква форма и во било која фаза на болеста, а трае една недела повеќе од останатите симптоми – тврди д-р Мари Фелчи.
Кај повеќето пациенти, иритацијата се јавувала многу пред било кој друг симптом, затоа истата треба да се третира како еден од главните индикатори во дијагностицирањето на заболените.
Фото: Профимедиа