Докажано е дека вирусот не се размножува во дехлорирана и солена вода, но може да се зачува, пренесува руската агенција ТАСС
Експерти од рускиот Државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ спровеле истражување за можноста на коронавирусот да живее во вода.
Околу 99,9 проценти од неговите честички умираат на собна температура на водата за 72 часа, стои во официјалното соопштение на Федералната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на човекот.
Времето на деактивирање на новиот коронавирус директно зависи од температурата на водата. Во вода на собна температура, 90 отсто од вирусот Ковид-19 угинува во рок од 24 часа, а 99,9 отсто во рок од 72 часа.
Врелата вода доведува до негова целосна деконтаминација и истребување, додека во хлорирана вода коронавирусот целосно ја губи одржливоста. Како што температурата на водата се зголемува, бројот на одржливи честички на вирусот значително се намалува.