fbpx

Почина д-р Владимир: Вака зборуваше за коронавирусот!

Началникот на српската Клиника за пулмологија, д-р Владимир Жугиќ, ненадејно почина.

Според изјавите на лекарите, Жугиќ починал од срцев удар, но официјалната причина за смртта не е потврдена.

Наводно е тестиран на коронавирус и бил негативен.

Ќе остане запаметен како реномиран лекар и пулмолог, специјалист за асматични болести.

Непосредно пред смртта, д-р Жугиќ често зборуваше за Ковид-19, особено за тешката клиничка слика кај младите.

– Познато ни е дека младите можат да развијат тешка клиничка слика, но не се согласувам дека се посебна ризична група. Немаме такви податоци ниту од една сериозна клиничка студија. Во прашање се само изолирани случаи. Просекот на умрените е преку 50 години. Тоа што, за жал, гледаме млади во тешка состојба кои завршуваат и фатално е затоа што постојат луѓе кои едноставно се склони кон тешки форми, најверојатно има врска со голема распространетост на ACE2 респиратори, но и тоа не е сосема јасно зошто е тоа така. Поголемиот дел од младите оздравуваат – истакна пред неполн месец.

Исто така, зборуваше и кои критериуми треба да бидат исполнети за некој да биде приклучен на респиратор.

– Тоа е во моментот кога вирусот прави тежок акутен респираторен стрес на белите дробови, кога истите повеќе не можат да функционираат самостојно. Кога неинванзивните методи не раѓаат со плод, пациентот мора да заврши на респиратор – појасни неодамна д-р Жугиќ.

Следни Објави

Дури 200 нови случаи, пациент од Куманово почина на 51 година

Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 65– Куманово 14– Дебар 6– Штип 21– Прилеп 3– Тетово 12– Струга 5– Велес 12– Битола 7– Охрид 4– Кавадарци 7– Гостивар 14– Струмица 1– Крива Паланка 1– Радовиш 4– Кочани […]