Регионалната поп-ѕвезда Северина Којиќ е позитивна на Ковид-19. Пејачката призна дека има корона и информира дека тестот на нејзиниот син е негативен.
– Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна на Ковид-19. Тестот на мојот син е негативен. Веднаш по контактот со епидемиологот, ги преземав сите мерки. Го информирав таткото на моето дете и во договор со него му го предадов два дена пред утврдениот термин за со него да ја помине изолацијата, без оглед на негативниот тест – напиша Северина.
Тврди дека поранешниот сопруг го замолила за дискреција, но веднаш се појавила вест дека се заразила забавувјќи се во Далмација.
– Се заразив од блиска личност, веројатно по враќањето во Загреб, а не за време на летувањето во Далмација. Вчера таа личност доби позитивен тест, па веднаш јас и син ми се тестиравме – дополнува Северина.