Вирусологот Ана Глигиќ за српските медиуми образложи зошто руската вакцина е добра. Таа уверува дека истата е добро тестирана и дека без никаква заддршка би ја примила.
– Русите работеа на вакцината САРС и кога тој исчезна, тоа беше замрзнат процес. Веројатно имаа сè што е потребно, само требаше да продолжат. За оваа вакцина не е неопходно да се тестира 18 месеци, бидејќи е генетски модифицирана. Вакцини кои имаат жив вирус се тестираат две до три години – вели таа.
Не е познато колку долго ќе трае имунитетот од вакцината. Русите наведуваат времетраење од две години без писмени докази за истражувањето.
– Не е познато, бидејќи сè уште не поминало доволно време, но важно е да се запре пандемијата и да се направи каква било вакцина што дава имунитет. Тие го зедоа аденовирусот кој нема да предизвика болест. Руските научници се многу добри експерти и вакцината е секако безбедна – вели д-р Глигиќ.