fbpx

Ја знаеме како лошата свекрва Есма Султан: Погледнете како навистина изгледа!

Турската актерка Ипек Билгин (63) имала сериозна театарска кариера пред да ја запознае цела Европа во турските серии.

Сите ја знаеме како лошата свекрва во „Истанбулската невеста“, но во приватниот живот таа е друга личност, препознатлива по шармот и по насмевката.

Со нејзиниот сега веќе покоен сопруг, инаку тетатарски режисер, биле една од повпечатливите двојки во културно-уетничкиот живот во Анкара.

Ипек била и долгогодишна професорка на тамошната Академија за уметност пред да се пресели во Истанбул и да биде ангажирана во високобуџетни сапуници.

Настрана од тој телевизиски гламур, таа е посветена на експерименталната глума во училиштето кое го основа со нејзината ќерка.

Ипек има и свој профил на „Инстаграм“ каде споделува интересни фотографии од приватниот живот. Неодамна фановите имаа можност да видат и како нивната омилена глумица изгледала во младоста.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Уште еден доктор почина од корона, имаше само 41 година

Пренесувајќи ја пораката за сочуство до фамилијата, весникот „Лајм“ информира дека уште еден македонски доктор ја загубил битката со коронавирусот. На 41-годишна возраст како последица на Ковид-19 почина д-р Дашмири од село Боговиње. Неговите блиски колеги и пријатели веќе почнаа да објавуваат емотивни посвети на „Фејсбук“ .