fbpx

Направи многу за македонската песна, но една желба му остана неисполнета!

Докажаниот музичар, автор и водител Зоран Џорлев кој почина од корона направи многу за македонската песна.

Преку серијалот ТВ-емисии „Зајди, зајди“, „Зори зора“ и „По патот на песната“ ја негуваше нашата традиционална музика. Кога славеше 40 години кариера издаде цеде со обработка на македонски забавни евергрини. Се’ уште се слушаат и неговите инструментални изведби на познати новогодишни и божикни рефрени.

Сепак, еден проект му остана неостварена желба, а тоа е детско телевизиско шоу со народни песни. Во едно интервју изјави дека со години мечтаел за еден таков концепт. Замислата му беше децата да пеат македонски народни песни.

– „Запри дожду“, „Сношти минав покрај вази“, „Бабино девојче“, „Да сум бистра вода“, „Дали чекаш стара мајчице“ и „Куќа имам на Пелистер“ се дел од македонски евергрини кои ќе им бидат понудени на младите таленти, а преку заедничко преслушување, секоја сабота во Детскиот креативен центар, ќе се одберат рефрените кои ќе бидат снимени. Шоуто е со работен наслов „Мини седум осмини“ – откри Џорлев пред неколку години.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Го изгубив пријателот од детството: Калиопи проговори за Џорлев

Речиси сите артисти од македонската естрадна сцена на социјалните мрежи се простија од нашиот легендарен виолинист и автор, маестро Зоран Џорлев. Меѓу нив, скршена од болка е и нашата поп-дива Калиопи која од својот долгогодишен пријател и соработник се прости со емотивна објава. – Биди ми ангел горе на небото, […]