Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија објави статус на својот профил на „Фејсбук“ преку кој упати критика до свештените лица и до верниците.
„Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте. Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се „бањаме“ за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите. П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин“, напиша Беќаровски на социјалните мрежи.