fbpx

Маск стана најбогат во светот, ова се неговите клучни совети!

Илон Маск, ексцентричниот претприемач и љубител на вселенско патување и официјално стана најбогат човек во светот. Го надмина основачот на Амазон, Џеф Безос, на индексот на милијардери на Блумберг и се искачи на тронот со богатство од 194,8 милијарди долари, дури 9,5 милијарди повеќе од Безос.

Илон Маск има строги работни навики, но е познат и по неконвенционалниот животен стил. Овој иноватор кој вели дека неговата примарна цел е да ги промени работите на подобро во општеството има неколку клучни совети.

Првиот човек на Tesla и на SpaceX објаснува дека научил како да
го управува своето време. Маск ги советува и своите вработени слободно да го напуштат работниот состанок ако проценат дека нивното присуство не е неопходно за понатамошниот тек
на дискусијата. Тој сака неговите вработени да се свесни за вредноста на своето време и да не го трошат на „состаночење“, посебно ако имаат да завршат други важни задачи.

– Не е непристојно да напуштите состанок, непристојно е да се тераат луѓето да го губат своето време на состаноци. Во случај да работите за други, подобро да не се обидувате да ги импресионирате своите надредени со оваа генијална идеја. Тоа сигурно нема да ви го простат, макар и да се повикате на Илон Маск – објасни тој во едно интервју.

Исто така подвлекува дека ако редовно си велиме себеси дека не можеме да направиме нешто или дека сме премногу стари за нешто, или дека не сме доволно паметни нешто да направиме, тоа и навистина нема никогаш да го направиме.

Следни Објави

(ФОТО) Веќе не е русокоса: Водителката на „Работна акција“ не личи на себе

Тамара Грујиќ драстично го промени изгледот. Омилената водителка која стана препознатлива по хуманитарниот проект „Работна акција“ не е повеќе русокоса. Фановите се изненадени од трансформацијата, но на повеќето им се допаѓа што Грујиќ конечно се охрабрила да промени нешто на себе. Тажната животна приказна на Тамара Грујиќ можете да ја […]