Емина Јаховиќ денеска живее отмено, но луксузот не ѝ бил достапен отсекогаш. Познатата српска пејачка во интервју за еден босански медиум проговори за своето минато нагласувајќи дека не живеела удобно отсекогаш. Нејзините родители немале наследство и живееле просечен живот како почитувани лекари.
– Се сеќавам кога сите луѓе во Белград живееја тешко. Имаше моменти кога и патлиџанот ни беше луксуз. Гледав како некои деца во соседството јадат киндер-јајце или чоколада која пука во устата. Сето тоа ми беше недостижно. Во време на превирања и војни, мајка ми ставаше млеко и јогурт во ладилникот кои не смеевме да ги земеме, ги чувавме за црни денови. Гардеробата што ја носев како девојче најчесто беше истата што претходно ја носела мојата постара сестра. Затоа сега кога имам, никогаш не се расфрлам. Сакам да купам, но само тоа што ќе го носам – раскажа таа.
Емина е горда што мајка ѝ многу вложила во неа и во нејзините брат и сестра за тие да станат успешни луѓе. „По смртта на татко ми, ниту еден друг маж не ни донесе дома. Премногу го сакаше“, искрено проговори Јаховиќ.