Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, во екот на конфликтот со неговата сопруга ја промени неговата профилна слика на „Фејсбук“ и објави стара свадбена фотографија.
Многумина овој гест го протолкуваа како обид за помирување со Агнеса, но имаше и такви кои го сфатија како нова провокација за неа и дека едноставно сака на јавноста да ѝ покаже колку таа се променила низ годините.
Откако Орданоски обелодени дека е пред развод и сопругата си ја нарече „фотошопирана барбика“, медиумите големо внимание посветија и на нејзиниот изглед.
И таа даде неколку интервјуа, а во едно од нив нагласи дека нема направено никакви естетски корекции и дека во прашање се гени.
Што мислите вие?
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.