Социјалните мрежи и понатаму се преплавени со емотивни посвети за прерано починатата актерка Мира Фурлан која почина на 65-годишна возраст по подолго боледување од вирусот Западен Нил.
Ѕвездата од југословенската серија „Подобар живот“, актерката Лидија Вукичевиќ, на „Инстаграм“ објави стара фотографија со Фурлан од филмот „Чао инспекторе“ која ги разнежни нејзините следбеници.
„Беше одамна, но никогаш нема да те заборавам“, напиша таа во пораката.
Мира Фурлан беше една од најавтентичните ѕвезди на југословенската кинематографија која со своите улоги ја одбележа деценијата пред распадот на големата СФРЈ. По преселувањето во САД се стекна и со светска популарност играјќи во хит-сериите „Изгубени“ и „Вавилон 5“.
За нејзината бурна животна приказна, прочитајте ТУКА!