fbpx

Спасете се од тешки болести: Ако имате над 45, мора да го знаете ова!

Научниците заклучија дека постои едноставен начин да ѝ „побегнете“ на смртта, само треба да го подобрите чекорот

Многумина мислат дека тежината е еден од најважните индиктори за здравјето на еден човек, но и за тоа колку долго ќе живееме.

И донекаде се во право – индексот на телесната маса е многу важен показател, но треба да обратите внимание и на следните 4 работи кога е во прашање способноста на вашето тело.

Ова се најважните бројки за долговечност!

1. Брзината на одењето

Научници од различни земји спроведоа испитување на повеќе од 35.000 луѓе постари од 70 години. Ги надгледувале со години, а некои од нив во текот на истражувњето и починале. Тоа на експертите им дало добро гледиште во врска со брзината на пешачењето и годините на смртноста.

Еве што заклучиле:

– Ако пешачите со брзина над еден метар во секунда, односно 3,6 километри за еден час, тоа значи дека имате предиспозиции за долг живот. Ако таа брзина е над 1,3 или 4,3 километри на час, личноста има големи шанси да биде исклучително долговечна.

–  Со секое зголемување на брината од 0,1 метар о секунда, ризикот за смртност се намалува за околу 12 отсто.

– Ако брзината е помала од 0,6 метри во секунда, односно 2,16 километри на час, тоа е знак дека телото ви е многу слабо и дека треба итно да се консултирате со лекар.

Научниците заклучија дека постои едноставен начин да ѝ „побегнете“ на смртта, само треба да го подобрите чекорот!

2. Склекови

Бројни интернационални студии издвоија уште еден показател за долговечност, а тоа е бројот на склековите кои можете да ги направите.

Во експериментот учествувале повеќе од 1.100 луѓе, а оние кои правеле помалку од десет склекови, имале поголем ризик од срцев удар во однос на останатите кои можеле повеќепати со раце да се поткренат од подот. Најдобриот резултат е 40 склекови и тоа е гаранција за долговечност, заклучиле научниците.

3. Сонот како важен животен фактор

Американски научници собрале податоци од 4.000 луѓе во текот на две децении. Откриле дека предолгото спиење (повеќе од 8 часа), како и прекраткиот сон (помалку од 6 часа) се голем ризик за прерана смрт. Податоците се однесуваат на ноќниот сон, дремнувањето преку ден не се смета.

4. Силината на раката

Седумгодишно истражување кое го направиле научници на Универзитетот во Глазгов анализирало половина милион средовечни луѓе на возраст помеѓу 40 и 69 години. Научниците ја мереле силината на мускулите на рацете и прилично се изненадиле од сознанието до кое дошле. Всушност, тие тврдат дека пронашле врска помеѓу умирањата од срцеви болести, васкуларниот систем, сите видови на болести на белите дрообови и силата на човекот која ја има во мускулите на рацете.

Колкава тежина можете да подигнете?

Помалку од 15 килограми за жени и помалку од 26 за мажи се смета за поразителна бројка која може да биде еден од факторите за ризик од сериозни болести.

Следни Објави

Трагедија на патот кон врвот: Загина Атанас, имаше само 42 години

Пронајдено е безживотното тело на бугарскиот алпинист Атанас Скатов (42) кој сакаше да се искачи на К2 во Пакистан, вториот највисок врв во светот по Монт Еверест. Телото на бугарскиот алпинист е пронајдено од страна на хеликоптерска екипа на пакистанската војска. Бугарското национално радио објави дека паднал на место надвор […]