fbpx

Неверување и шок: Се самоуби 15-годишната Милица

Младата кошаркарка на Партизан, Милица Мркела, изврши самоубиство, јавуваат српските медиуми.

Талентираната спортистка е пронајдена обесена, а нејзините колешки се шокирани од трагедијата.

Бојана Јанковиќ, претседателката на клубот, со солзи во очите раскажува дека Милица никогаш не била проблематична и дека нема објаснување што би можело да биде мотивот да посегне по сопствениот живот.

„Дојде во Партизан кога имаше 14 години. Беше член на кадетската репрезентација на Србија, а веќе со 15 се приклучи на сениорската екипа на црно-белите. Беше иднината на нашата кошарка, навистина беше голем талент. Не’ затекна ова, сите сме во шок“, изјави Јанковиќ.

Таа дополнува дека Милица била одличен ученик и според неа, ова е уште една шлаканица за сите нас и индикатор за тоа каква реалност всушност живееме.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Одговорите ќе ве изненадат: Вака изгледа идеалната жена!

Во едно истражување во кое учествувале неколку илјади мажи, на сите им било поставено истото прашање: Како според нив треба да изгледа совршената жена? Еве ги најчестите одговори. – Да се смее на неговите шеги. – Да е помлада од него две до четири години. – Да има убава насмевка. […]