Скопјани во Карпош денеска беа сведоци на вистинска драма која траеше речиси четири часа и за среќа заврши без фатален епилог.
МВР во координирана акција со противпожарната бригада успеа да ја спаси жената која посегна по својот живот при обид да скокне од петтиот кат на зградата во којашто живее.
Соседите не сакаат да зборуваат јавно, но велат дека станува збор за 35-годишна жена која и претходно имала вакви испади, информира Сител.
По приведувањето, жената со возило на итната медицинска помош е пренесена во психијатриската болница во Бардовци.
Фото: Фејсбук-страница на Пожарна Скопје
*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.