fbpx

Мајка ми е модерна жена: Васил проговори како признал дека е геј

Преку писмо, кога имал само 16 години, македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев на својата мајка ѝ признал дека е геј. Вели дека од неа добил безрезервна поддршка која му помогнала да се изгради како личност.

„Иако живееме во конзервативна земја, мојата мајка Јулија е многу модерна жена. Ми кажа дека знаела долго пред да ѝ признаам, што за мене беше шок некој да е толку отворен и свесен“, открива Гарванлиев за порталот „Репортер“.

По многуте години поминати во странство, Васил во 2018 година одлучи да се врати во татковината, посветувајќи се на креирање автентична музика инспирирана од македонските корени.

Позади себе има успешна интернационална музичка кариера, но и тешка животна приказна.

Во една прилика откри дека кога имал 17 години, со семејството биле депортирани од САД. Во меѓувреме, во само една година во сообраќајна несреќа загинале татко му и баба му, во период кога секој член од семејството живеел на различна страна од светот.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Мамо, прости ми што си играв со твоите чувства

Кога се сеќавам на моето детство, се сеќавам на твоето грижливо и толку збунето лице, на твојата борба да трпиш и да се жртвуваш. Негде прочитав дека децата на несреќните родители тешко наоѓаат среќа. Мамо, навистина е така и сакам тоа да го знаеш. Ми текнува како трпеше понижувања и […]