fbpx

Васил конечно проговори за сопругот Џејсон: Еве со што го освоил!

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев, кој пред неполни две години се сврши во Америка, во неговото најново интервју вели дека во животот ништо не е случајно и дека човек треба да внимава што си посакува.

Кога заминал во Америка да сними албум, најмалку што очекувал е дека ќе ја сретне љубовта на својот живот.

„Во пауза од снимање, на апликација за запознавање се запознав со Џејсон. Почнавме многу интересен муабет и се договоривме да се сретнеме. Дојде да ме земе и јас, класично за мене, се изглупирав во првите 10 секунди (се смее). Ама тоа сум јас.. Прозорецот на автомобилот беше кренат, а јас не забележав. Одев да кажам здраво и го бакнав стаклото. Имавме прекрасен разговор, се изнасмејавме. Тој е класичен Американец, со потекло од Чешка“, открива Васил за порталот „ММС“.

Вели дека верувал во љубов и дека таа енергија се погодила од почеток.

„И јас и тој знаевме дека тоа е тоа. Јас си реков-оп, значи животот ќе се смени целосно. Нема враќање. Имав неколку патувања кои траеја околу шест месеци и кога се вратив се случи прстенот на рака. И сѐ бидна официјално. И ете, од петок 13 мај и официјално сум мажен. Ете 13 ми стана среќен број. Сите ни велеа 13 е несреќен број, но јас реков-е на нас ќе ни биде среќен. Така се погоди. Наша среќа, наша приказна. Прекрасно е, мирно е и љубов им посакувам на сите, бидејќи јас верувам во љубов“, раскажува Васил.

Гарванлиев се прослави уште како дете со нумерата „Марионка“. Во 2021 година беше македонски претставник на „Евросонг“ и се пласира на претпоследното место во полуфиналето со скромни 23 поени (11 од телевоутинг и 12 од жири). Послаб резултат таа вечер имаше само Ирска со 20 поени.

Кога МРТ го одбра за македонски евровизиски претставник јавноста негодуваше. Дел од македонските граѓани дури иницираа и онлајн петиција за негово повлекување од „Евросонг“.

За бугарскиот пасош и за неговата тешка животна приказна читајте ОВДЕ!

Следни Објави

Парите легнаа денес, овие граѓани да си ги проверат сметките

Пензиите како и секој месец, така и овој ќе бидат исплатени на 1-ви февруари 2024 во четврток. Од 24-ти јануари на сметките на илјадници пензионери стигнаа парите од помошта. А од март, следува ново покачување. Средствата за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од […]