fbpx

И камењата цветаа покрај тебе: И горди и тажни на Денот на мајките

Денеска во повеќе од 40 земји во светот се прославува Денот на мајката. Убава можност да им кажеме на жените кои не’ родиле колку ги сакаме, но и да ги спомнеме оние мајки кои не се повеќе меѓу нас.

Популарната пејачка, авторка и професорка Андријана Јаневска лани на овој ден сподели емотивна посвета за својата прерано почината мајка.

Ти умееше карпата во свила да ја претвориш, а песокот во црница. Пред тебе рибите прелетуваа, а птиците препливуваа. Дождот стануваше утринска роса, а ветерот полноќен здив. И камењата цветаа покрај тебе. На гнездата им никнуваше кров, а трњето разеленуваше. Сега, во мојата душа копнеж се раѓа: Да ме родиш пак, мајко моја, та и градот во селата да ме бара, и пес во бунар да нурка, и гром во пештера да грмне – да не ме пронајде. Скриена ќе бидам во твојата прегратка – напиша Јаневска и им порача на фановите да си ги гушкааат мајките додека сè уште можат.

Андријана навистина многу потсетува на мајка си

На својата прерано почината мајка на овој меѓународен Ден на мајката се потсети и Маја Вукичевиќ.

– Пред да заспиеме секоја вечер ни носеше топло млеко во кревет, не гушкаше и не заливаше со љубов.. Талентирана, убава, ведра, нежна, одличен кулинар, детски наивна… Веруваше дека љубовта ќе го спаси светот… Често ѝ се лутев и ѝ велев да ги извади тие розеви очила, но таа победи, не „зарази“ сите со нејзината верба, надеж и љубов! Беше грижлива мајка и баба, најдобар пријател… Со еден збор вистинска МАЈКА! 26 години беше покрај мене, а недостасуваш секој ден Миче моја. Ти благодарам за сѐ! Не дочека да гушнеш уште две ангелчиња, но верувам дека таму од горе не чуваш сите! – напиша пејачката на „Фејсбук“ минатата година.

Маја со мајка ѝ и со брат ѝ

Лани и водителката Милена Антовска Станковска сподели интересна фотографија на овој ден која ги разнежни оние што ја следат на социјалните мрежи.

– Три генерации! Сакајте ги своите мајки, гушкајте ги, радувајте им се, почитувајте ги, бидете нивната радост, нивната утеха… Среќен ден на мајките! – порача Милена.

Ј.П.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Со професионален фотограф на породување: Туна стана мајка по вторпат

Познатата македонска пејачка и текстописец Туна Сејдиу стана мајка по вторпат. Радосната вест веднаш ја сподели со своите фанови на „Инстаграм“ споделувајќи и неколку професионални фотографии од породувањето потпишани од Мартин Трајановски. „Му се молев на Бог да ми даде маж кој секогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со […]