fbpx

Почивај во мир, маестро: Нова трагедија на естрадата

Истакнатиот македонски композитор, аранжер и клавијатурист Тодор Трајчевски почина од последици на Ковид-19.

Тажната вест ја потврдија и од Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), а неговите колеги му посветуваат емотивни статуси на социјалните мрежи.

„Бог да го прости мојот идол што се однесува до аранжирање на нашиот македонски фолкор. Беше и ќе останеш многу важна личност во мојот живот. Почивај во мир мој пријателу, МАЕСТРО наш македонски“, напиша на „Фејсбук“ познатиот музичар Сашо Ливрински.

Трајчевски во домашната уметничко-естрадна и концертна дејност е присутен повеќе од 30 години. Од 1983 година беше редовен член на Народниот оркестар на МРТ и има реализирано преку 3000 аудио и видео снимки за потребите на програмите на МРТ, свои композиции и аранжмани околу 1500, како и аранжмани за други автори, фестивалски изданија посебно оние во духот на традицијата и фолклорот. Образованието го има заокружено на Факултетот за музичка уметност. Во последните години се занимаваше со обработка на старите македонски фолк сцени во стилот на џезот, особено џезот со неговите стилски особености, пишува на страницата на СОКОМ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Најново чудо по молитвите на Свети Василиј Острошки

Една од најновите случки на исцеление со силата на молитвата пред моштите на Св. Василиј Острошки ја забележал протоереј-ставрофор Ранко Билинац, парох во Источно Сараево, а ја раскажува Југослав Васковиќ. „Роден сум на 22 март 1979 година во Сараево. На 8 јули 2013 година почнав тешко да ги изговарам зборовите. […]