fbpx

Славчо: Доаѓа нова нестабилност и невреме

Стружанецот Славчо Попоски веќе неколку години е хит со своите метео-анализи.

Луѓето му веруваат и има илјадници следбеници на социјалните мрежи.

Според неговата најнова анализа за времето во Македонија, во наредните три дена не’ очекува нова нестабилност и ново невреме.

Локална појава на нестабилност проследена со изолирана појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град е можна во северните и во североисточните предели.

Во следните денови, температурите ќе бидат во опаѓање за неколку степени и ќе има честа појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, и тоа особено за време на викендот и на почетокот од следната недела.

Локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Температурите и тоа особено за време на викендот ќе бидат пониски, и тоа особено од недела кога максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за локална појава на невреме ќе има и во делови од Скопската котлина.

Следни Објави

Десет месеци бил во странство кога сопругата забременила: Пресврт наместо развод

Кога Чарлс Стујарт од Тексас прифатил да замине во Кина на привремена работа во голема компанија во Шангај, не ни можел да претпостави дека седум месеци подоцна таму ќе го затекне пандемијата. Уште полошо, и самиот се заразил, па девет дена лекарите се бореле за неговиот живот откако бил хоспитализиран […]