fbpx

Дете на чудно место во кола: Полицијата го сопре возилото, па се шокира

При рутинска контрола на возила во германскиот град Bruchsal, полицијата открила како едно семејство го вози бебето на подот од автомобилот.

Надлежните прво забележале две деца на возраст од четири и од шест години на задните седишта кои се возеле непрописно без транспортери, пренесува „Феникс Магазин“.

Откако слушнале детски плач, откриле дека во автомобилот се наоѓа и трето дете, поточно 16-месечно бебе.

Се шокирале кога виделе дека истото лежи на подот, под сувозачкото седиште до нозете на мајката.

Возилото веднаш било исклучено од сообраќај, а семејството ќе мора да плати казна.

Илустрација: Шатерсток

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Песна за починатиот Стефан: Зборовите на оваа баба ќе ве расплачат

Во целиот регион лани одекна трагичната вест за десетгодишниот Стефан Балиќ кој беше прегазен на пешачки премин додека ја поминувал улицата со татка си и со помалиот брат. Стефан падна во кома, а на 22 јули дознавме дека починал. Под притисок на јавноста, на осомничениот Лазар Г. на кој првично […]