fbpx

Наместо роденден, солзи на гроб: Македонскиот новинар проговори за смртта на ќерката Симона

Во еден момент ми зазвони непознат број. Не знаев дали да се јавам. Автобусот застана на постојка. Излегов и се јавив. Женски глас со прашање: „Дали е тоа Сашо таткото на Симона“. Реков да. Таа продолжи „Се јавувам од Инфективна клиника, Симона почина“.

Како да ме прободе нож во срцето. Се струполив на земја. Притрчаа случајни минувачи. Почнав да врескам, да плачам. Одев по улица, а луѓето зачудено ме следеа..

Ова е дел од ексклузивната исповед на Сашо Ангелeски, новинар во Вториот програмски сервис на Македонското радио-Радио 2.

Пред четири месеци, неговото прво чедо почина од последици на коронавирусот. Но, според Ангелески, неговата ќерка починала поради неажурноста и нестручноста на доктрите.

Тој за „Женски магазин“ детално раскажува за најтешкиот миг во животот.

Кога дознал за трагедијата, и покрај големиот стрес со трчање се упатил кон дома сам да им ја каже тажната вест на сопругата, ќерката и мајка му.

– Паѓав, станував, соседите ме гледаа со солзи ва очите, застануваа да ме прашаат што ми е. Влегов дома со пискот и насолзени очи ги гушнав сопругата Ивонче и мајка ми. Им беше јасно. Мајка ми од тага, во истиот миг доби мозочен удар. Сопругата и Ивона се стурполија на подот. Морав да бидам силен, морав да се грижам за сите.  Се слушаа пискотници и лелеци. Нашата принцеза веќе ја немаше. Ја уништија оние во кои верував дека се таму за да ја лечат. Големите доктори на нашето здравство, кои беа наградени за уништените млади животи. По два дена од тага и болка почина и мајка ми – открива Ангелески за „Женски магазин“.

Неговата ќерка денеска на 28 јули требаше да наполни 24 години.

Следни Објави

Една работа ги расплака сите: Проговори сопругата на Оливер Драгојевиќ

Легендарниот хрватски музичар остави творештво кое никогаш нема да се заборави, но остави позади себе и неутешна сопруга, три сина и седум внучиња.. Токму жената која во текот на целата кариера му беше рамо за плачење, но и најголема поддршка, неодамна се огласи во јавноста. „Секогаш ме нарекуваше „жено“, речиси […]