fbpx

Ана дрогирала цимери, па ги силувала: Вака реагирала кога ја откриле!

Тоа што се случило го нема ниту на филм

Ана, 26-годишна девојка, е уапсена откако истрагата утврдила дека четири вечери по ред дрогирала двајца цимери, а потоа и ги силувала. Во моментите на приведување, таа веднаш признала дека им подметнувала средства за заспивање за да може да „игра со нив“, но негирала дека сексуално ги злоставувала.

Кога сфатила дека полицијата има се’ повеќе докази за стореното дело, неколку дена пред апсењето им се заканувала на цимерите дека кога-тогаш ќе им го уништи животот.

Лани Ана Хелштет од Северна Каролина останала сама откако ја раскинала долгогодишната врска со момчето за кое често велела дека е љубовта на нејзиниот живот. Неколку месеци се обидувала да пронајде нов партнер, а потоа, како што признала, очајно се фокусирала на двајцата цимери кои живееле до нејзината зграда.

Откако се зближила со нив, почнала се’ почесто да ги поминува вечерите во нивниот стан. Во полициската станица нагласила дека и двајцата биле доволно свесни за да знаат што се случува кога првата вечер ги соблекла и ги врзала за кревет. Потоа имала однос и со двајцата, а следниот ден ги уверувала дека тие инсистирале да водат љубов, а не таа. Дури им рекла дека има и видео од чинот на кое се гледало како и тие максимално уживаат. Сепак, во текот на претресот, полицијата не пронашла никакви инкриминирачки материјали.

Во меѓувреме се огласиле и цимерите кои тврделе дека се класични жртви кои ниту во еден момент немале контрола над сопственото однесување. Едниот од нив изјавил дека никогаш претходно немал консумирано наркотици и дека затоа не може да процени какви таблети им подметнувала Ана.

„Се чувствував како зомби. Следниот ден се будев со мачнина и со главоболка“, изјавил едниот од цимерите.

Инволвираните во случајот велат дека можеби Ана и ќе успеала некако да се извлече од одговорност, доколку реагирала посмирено и помудро, наместо со заканувачки пораки. Одреден ѝ е притвор, а може да се брани и од слобода доколку плати кауција од 50.000 долари.

Фото: Вилмингтон Полис Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

По смртта на мајка си ги расплака сите: Ѕвездата на „Гранд“ со потресни зборови

Младата пејачка која привлече огромно внимание во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ прерано ја загуби мајка си. Нејзината животна приказна ги потресе гледачите ширум регионот, а многумина прогнозираат дека и покрај семејната трагедија, нејзиното време допрва доаѓа. Крстиња Тодоровиќ неодамна за „Гранд онлајн“ си ја отвори душата. „Првата тетоважа […]