fbpx

Ова е чудо: Конечно откри кој носи цвеќе на гробот на брат ѝ

Имал само 12 години кога починал на уличишната екскурзија во 1947 година.

Трагичното заминување од овој свет на Карл Смит во Јужен Велс долго време се провлекуваше во британските медиуми, а во 2017 година, дури седум децении по немилиот настан, откриена е уште една мистерија.

На вечното почивалиште на Смит повеќе од половина век непознат човек секоја година положувал цвеќе и оставал поеми, а сега конечно се знае неговиот идентитет.

Станува збор за Роналд Сејмор Вестборог кој во моментите на несреќата бил со 12-годишниот Карл. Неговата сестра Ен Кир раскажа дека е вистинско чудо што го открила после толку поминати години. Тој и Карл биле најдобри другари во извидници и спиеле во ист шатор ноќта пред трагедијата. Следниот ден Роналд го пронашол безживотното тело на својот пријател во морето.

Сепак, тој нагласи дека е одговорен само за цвеќето, но не и за песните.

Емотивната средба на Ен и Роналд се случи во специјална емисија која ја емитуваше Би-Би-Си.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Душо моја, ми се врати: Прегратка со киднапираниот син по 24 години

Упорен татко поминал 500.000 километри и чекал речиси две и пол децении за повторно да го здогледа своето чедо Кинезот Гуо Гантанг пред 24 години се соочил со вистинска животна драма кога криминалци инволвирани во мрежа со трговија со луѓе му го киднапирале синот. Детето кое тогаш имало само две […]